67 шишиња со алкохолни пијалоци (домашна ракија, виски, водка, коњак, ликери, текила, узо, мартини, рум, ракија и џин) се привремено задржани бидејќи при контрола на употребата на контролни марки во малопродажни и угостителски објекти во Битола, Охрид, Ресен и Струга е утврдено дека истите или воопшто не биле означени со акцизни маркички или биле означени со стари неважечки контролни марки, соопшти Царинската управа.

За дел од задржаната стока, сопствениците не поседувале ниту сертификат за квалитет, се вели во соопштението.

OhridNews