Околу 300 женски марами биле откриени на граничниот премин Богородица, од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Струга. Според информациите од Царинската управа непријавените марами се пронајдени во 3 патни торби, сопственост на македонски државјанин кој бил патник во автобусот.

Исто така царината запленила и 130 парчиња делови за трактори, на граничниот премин Табановце, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, кој сообраќал на редовната линија Белград-Охрид. Непријавените делови биле сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот, а се пронајдени во багажниот простор на автобусот.

OhridNews