Како што информираат од мMинистерството за внатрешни работи, во координирана акција е пресечен меѓународен канал за наркотичка трговија со марихуана од Албанија, преку Македонија наменета за во земјите на Западна Европа.
Триесет минути по полноќ на крстосницата кај село Мажучиште, село Ропотово, регионален пат кон Прилеп, запрено било патничко возило „Волво В-40“ со тетовски регистерски ознаки. Возилото го управувал Ф.З.(40) од селото Селце, Тетовско, нагов совозач бил Ф.С.(33) од село Стримница, општина Желино.
При преглед на возилото во багажникот, спакувани во торби се пронајдени 99 пакувања облепени со кафена селотејп лента, во кои имало марихуана, со вкупна бруто тежина од 104 килограми и 980 грама.
Според полицијата, осомничените марихуаната ја подигнале во близина на хотелот „Еуротел“ во Струга и најверојатно нивните албански партнери ја внеле преку езерото.
Заради понатамошно вештачење, одземените пакувања марихуна биле предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР.
Од првичните анализи утврдено е дека станува збор за квалитетна марихуана чија цена на западноевропските пазари изнесува околу 400.000 евра.