Околу 1,5 килограми чиста и високо квалитетна опојна дрога марихуана, била запленета вчера во акцијата, на Инспекторите за недозволена трговија со дрога во Струга.
Марихуаната, која ја превезувале скопјаните Е.А. (38), М.Л. (47) и Е.Н. (42) била наменета за нарко-пазарот во Скопје. Приведените, дрогата ја набавиле за 500 евра од лицето Н.К. (35), жител на струшкото село Велешта, кој исто така е приведен во полиција.
Според истрагата, дрогата била спакувана во најлонска кеса и била сокриена на подот позади возачкото седиште од патничкото моторно возило „Голф„ со скопски регистарски таблички.
Извор СВР-Охрид