Три лица од Охрид, сите на возраст од 33 години, се приведени вчера во селото Долно Лакочереј, во акција на Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи. Сите тројца се жители на село Долно Лакочереј.
При претрес во нивните домови во селото Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, полициски службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и стебла од растението Канабис сатива. – информира СВР Охрид.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
OhridNews