Папагалот Лоренсо ќе го помине остатокот од својот живот зад решетки во кафез, бидејќи колумбиската полиција востановила дека таа птица е дресирана да ги предупредува дилерите за доаѓањето на полицијата. Секогаш кога некој полицаец ќе се приближел, Лоренсо на шпански викал „Бегај, бегај, ќе те фати мачката“.
Полицајците сепак на крајот го насамариле жолтиот папагал и незабележано влегле во просториите на дилерите во Баранкиља, каде затекнале склад на оружје и марихуана. Полицијата покрај Лоренсо пронашла уште два папагали дресирани за помош на криминалците.