Над еден тон материја за производство на амфетамин, вреден над 50 милиони евра, наменет за земји од Европската Унија заплени денеска полицијата на Меѓународниот Аеродром-Скопје.
Прекурзорот бил набавен од страна на македонски државјани од лица од Кина, кој преку Турција пристигнал во Северна Македонија, со крајна дестинација во земји на Европската унија, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога амфетамин и метамфетамин“, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Првичната проценка е дека од набавената количина на прекурзорот требало да биде произведен амфетамин со вредност од над 50 милиони евра.
Во акцијата се лишени од слобода две лица како дел од меѓународна организирана криминална група, а се преземаат мерки и активности и за приведувања на други лица, додаде Спасовски.
OhridNews