Некогашниот колумбиски „крал на дрогата“ Пабло Ескобар во текот на една ноќ додека бил во бегство запалил банкноти во вредност од над еден милион долари за да ја загрее неговата ќерка, изјави неговиот син за списанието „Дон Хуан“.
Поранешниот лидер на озлогласениот Меделински картел запалил оган со помош на куп американски банкноти во планинската куќа во која се криел од властите.
Синот на Ескобар, кој своето име Хуан Пабло Ескобар го смени во Себастијан Марокин и кој сега со семејството живее во Аргентина, изјави дека неговиот татко ги запалил парите кога сфатил дека неговата ќерка Мануела се смрзнува и почнува да запаѓа во состојба на хипотермија.
Тој додаде дека огнот запален со парите, послужил и за подотовка на храна.