Tриесет и шест жртви се пронајдени во казино комплексот „Ворлд Манила“ откако вооружен напаѓач пукал , а потоа ги запалил масите за коцкање рано утрово, по што се самоубил, jaвува „Макфакс“.
Жртвите кои не биле убиени со огнено оружје најверојатно починале од задушување, соопшти полицијата, а најголем дел од нив биле жени кои биле пронајдени мртви во тоалетот.
Поради густиот чад кој бил проширен низ целата зграда жртвите се пронајдени дури подоцна во операцијата за расчистување. Сите биле во делот на казиното, чии подови и ѕидови биле обложени со дебел материјал, а прозорците блиндирани.
Властите ја отфрлија можноста дека се работи за терористички напад на Исламската држава и покрај опасноста со која се соочува војската во јужниот дел на Филипините.
Според фотографиите што ги објави полицијата, напаѓачот е маж белец, кој бил вооружен. Очевидци велат дека најверојатно се работи за странец, кој зборувал англиски.
OhridNews
извор: „Макфакс“