Запалените светла кај автомобилите ги чинат граѓани пет милиони литри гориво повеќе или приближно околу исто толку пресметано во евра, пренесува „Макфакс“.

Грубо пресметано откога е стапен во сила Законот за безбедност во сообраќај на патиштата за употреба на светла од 2007 до 2011 година, дополнително се потрошени 20 милиони литри гориво.

Со оваа одлука не само гориво граѓаните изложени се на поголеми давачки како за менување на сијалици и помал век на траење на акумулаторите.

„На ниво на Македонија потрошувачката изнесува околу пет милиони литри гориво годишно или значи дека со вашето возило ако одите од Скопје до Берово и да се вратите ќе потрошите гориво кое со кое би купиле три леба“,  вели Љупчо Гаштеовски од Геотермален систем-Кочани.

Тој додава дека се постојано вклучените светла на ниво на Македонија се трошат околу 210.000 сијалици повеќе што ги чини граѓаните околу 600.000 евра.

Од министерството за внатрешни работи во делот за безбедност на сообраќај велат дека најповолно би било светлата да се користат од 15 ноември до 15 март бидејќи имаме околу 270 сончеви денови.

„Имаме благо намалување на сообраќајните несреќи кои се случуваат годишно, но сето тоа не се должи само на употребата на светла“, рече Кузман Дамчевски, виш полициски советник за сообраќајни работи за јавна безбедност.

OhridNews
извор: „Макфакс“