Бранот нереди, што во изминатите денови ја зафати Велика Британија, синоќа се прошири и во Манчестер, каде што се запалени два објекта, а биле искршени и прозорците на неколку продавници, пренесува „Макфакс“.

„Можам да потврдам дека една продавница е во пламен и дека околу 200 млади момчиња се собрани во центарот на градот. Полицијата се обидува да ја растера групата, при што досега се уапсени седум лица“, соопшти портпаролот на локалната полиција.

Тој додаде и дека е запалена една зграда на периферијата на градот, а било запалено и едно возило.


Неколку изолирани инциденти, грабежи на продавници и палење на автомобили регистрирани се и во Вулверхемтон и Западен Бронвич, предградие на Бирмингем.

Нема информации за нови инциденти во Лондон каде што за одржување на редот се ангажирани 16.000 полицајци, што е за три пати повеќе од претходните денови.

OhridNews
извор: „Макфакс“