Европскиот парламент почна процедура за создавање на заедничка европска листа на „безбедни“ земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави односно целиот регион на Западен Балкан и Турција.

Ако се усвои листата тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите-членки на Европска унија. ЕП со тоа се надева дека со листата ќе се намали притисокот од барателите на азил во земјите-членки на ЕУ.

Според податоци на ФРОНТЕКС, само минатата година и само од Косово во ЕУ пристигнале и побарале азил 24.000 луѓе.

Комитетот за правда и граѓански слободи во ЕП ја покрена иницијативата за создавање на  на „безбедни“ земји од Западен Балкан и Турција. Иницијативата е во зачеток и се очекуваат полемики кој и како ги исполнува критериумите за да се најде на листата.

OhridNews
Извор:„МИА“