Со 62 гласа „За“, ниту еден против и воздржан, Собранието на Република Македонија, на денешната седница, го донесе Законот за отпишување камати на доставени обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, истакна дека со овој закон ќе им се помогне на повеќе од 16000 компании, над 5000 земјоделци и на околу 500 верски лица, бидејќи се отвора можност тие целосно да бидат ослободени од камата ако го платат главниот долг.

Законот предвидува за заостанат долг до 10 милиони денари плаќање на 12 рати, а за долг над оваа сума се дозволува плаќање на 36 рати.

Компаниите кои ќе го платат долгот до 2008 година ќе бидат 100 отсто ослободени од камата, а за плаќање на долгот направен во периодот од 2009-2014 ослободувањето е 70 проценти.

Заклучно со 31.12.2008 година 16656 правни субјекти имаат долг кон државата по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување во износ од 7,9 милијарди денари, а 5173 земјоделци немаат платено придонеси во износ од 851 милион денари.

OhridNews