ЕВН Македонија нуди можности за плаќање на долг за електрична енергија на рати или во целост без камата.

Домаќинствата, малите бизнис и индустриските корисници од 1-ви август до 1- ви ноември можат заостанатиот долг во последните 12 месеци (за домаќинствата) односно 36 месеци (за бизнисот и индустријата) да го платат во целост без камата или на повеќе рати со камата во зависност од висината на долгот.

За долгот направен во последните 12 месеци, домаќинствата имаат можност да потпишат договор за плаќање на долгот во целост при што нема да се пресметува камата и договор за плаќање до 6 рати со вклучена камата.

Малите бизнис потрошувачи, пак, заостанатите долгови за електрична енергија не постари од 36 месеци можат да ги расчистат со договори за плаќање во целост без камата и до 3 рати со камата и тоа за долг од 10.001  – 20.000 МКД  на 2 рати, а над 20.000 МКД  на 3 рати.

Поволност пак, за индустриските корисници е доколку го подмират заостанатиот долг во целост  нема да им биде пресметана камата за задоцнето плаќање.

Ohridnews