Охридските кошаркари забележаа нова победа во второлигашката конкуренција, совладувајќи го составот на Мега Баскет со 87-78 (23-16, 27-23, 17-13, 20-26).
„Галебите“ до шестата победа во деветтиот натпревар сезонава стигнаа со доминатната игра во поголем дел од натпреварот.
Охриѓани ги добија првата, втората и третата четвртина за предност од 15 поени на семафорот после триесет минути игра. Во последниот квартал охридските кошаркари намалија со притисокот, а гостите ја искористија опуштеноста во играта, успевајќи да ја добијат со 26-20 и да го направат поразот пристоен.
Охрид со скор од шест победи и три порази е во самиот врв на табелата со сериозни намери за атак на лидерското место во второлигашката конкуренција.
OhridNews