Доизградбата на колекторскиот систем останува најголем приоритет на Министерството за животна средина најави сеуште актуелниот државен секретар во ова министерство, Дејан Паноски.

Осврнувајќи се на идните владини приоритети, Паноски истакна дека доизградбата на колекторот е на врвот на таа листа. Покрај ова Паноски најави и воведување конкуренција во комуналните услуги, со цел  како што истакна, да се зголеми јавната хигиена во Охрид.

Неодамна започна доизградбата на колекторскиот систем на источното крајбрежје од Метропол до Пештани, додека според најавите проблемот со отпадните води во Трпејца и Свети Наум ќе се решава со изградба на сепаратни пречистителни станици. 

ohridnews