Дека Адријана Лима е преубава во костумите за капење и долната облека на „Victoria’s Secret“ е познато одамна, но никој не можел ниту да замисли дека таа ќе рекламира модели на истата модна куќа кои не се провокативни и предизвикувачки.

Меѓутоа, „Victoria’s Secret“ од неодамна има и линија на свечена облека, фустани, како и фармерки, а Лима покажала дека е совршен промотер и во вакви прилики.

Фотографиите од најновиот каталог ги преплавиле интернет страниците во изминативе неколку дена, а убавата бразилка добивала само пофални зборови за својот изглед.

 Таа моментално се наоѓала во Њујорк каде ја промовирала новата колекција на Дона Каран, а претходно денот на вљубените го прославила со својот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ.