“Нероазурите“ потешко од очекувањата стигнаа до трите бода во дуелот со Џенова на Џузепе Меаца. По првиот дел Интер имаше негатива од еден гол, македонскиот репрезентативец Горан Пандев во игра влезе во вториот дел што одма се одрази и на резултатот. Пандев учествуваше во вториот погодок додека стрелец беше на четвртиот погогок за актуелниот првак во Серија А.


Пандев беше клучен фудбалер во победата денеска над Џенова. Македонецот постигна погодок, работеше напорно за добро на клубот и многу сум среќен. Со маестралната игра,  Пандев покажа дека може уште да сметаме на него а ние никогаш не сме ни сомневале во неговиот квалитет. Се надаваме дека ќе продолжи во ваков ритам и ќе имаме можност да го видиме онај стариот – смета капитенот на “нероазурите“ арентинецот Хавиер Занети.


Бодовната разлика помеѓу лидерот во Серија А Милан и второпласираниот Интер изнесува пет бодови.