Актуелниот европски првак Интер по високиот пораз во Лигата на Шампиони на домашен терен, од Шалке со 5-2 се на прагот на елиминација и само чудо може да ги спаси во продолжението на одбраната на трофејот.


Ваквиот пораз ги шокираше сите во клубот, легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети немеше зборови како да го обајсни овај дебакл. – Навистина не знам што да кажам. Не знам како да објаснам. Почнавме добро, комунициравме на теренот и потоа наеднаш комплетно се изгубивме, тешко е да се верува во пресврт, но сепак сме силна екипа и мораме да го надминеме ова. Сега ќе мислиме на првенството, а потоа мораме да одиме на сè или ништо во Германија – рече Занети.

Еден од директните виновници за високиот пораз сигурно е тренерот Леонардо, кој беше најслабиот поединец во тимот на Интер. Не повлече ниту еден вистински потег, реагираше доцна со измените, на клупата го остави јунакот од мечот со Баерн, Пандев , а му даде шанса на Милито кој по долга пауза се врати на теренот.


– Не беше проблем тактиката, односно бројот на напаѓачи со кои игравме.
Мислам дека Шалке прегрубо нè казни. Со напаѓачка игра почнавме од
јануари затоа што не смеевме да си дозволиме да играме нерешени
натпревари (во Серија А). Напаѓачкиот менталитет уште нè држи. Ова беше
тешка недела, но мораме да се соземеме во најскоро време. Камбек во
Германија не е многу реален, сепак останува да се надеваме до крај – истакна Леонардо кој сè уште е без победа на домашен терен како тренер во Лигата на шампионите.

 

Се уште е несигурна инднината на бразилецот на клупата на Интер, откако за денес е закажана средба со претседателот на клубот Масимо Морати. Интер сезонава еднаш се одлучи за тренерска смена , шпанецот Рафаел Бенитез на средина од сезоната беше заменет токму со Леонардо.

Пандев само гледач во дебаклот на Интер

Ohridnews