Немарноста на полските лекари го натерала еден очаен постар полјак да викне брза помош во болница за да му помогнат.
Кога пациентот после операцијата почнал да крвари, болничарката одбила да го викне лекарот бидејќи тој, како што рекла, спиел, а и самата не го ни погледнала туку само ја избришала крвта од подот.
„Се јавувам од болница. Ми го оперираа дебелото црево, а сега почнав да крварам. Лекарот спие и не сака да дојде да ме види“ му рекол очајниот пациент на диспечерот во брза помош и побарал да му испратат амбулантно возило и лекар да му помогне.
Дури откако од брза помош интервенирале и се заканиле дека ќе пратат амбулантна кола и лекар, во болницата се заангажирале околу пациентот.
J.M.