Развојот на малите и средните претпријатија и на занаетчиството, како движечки сили на секоја пазарна економија, треба да биде еден од главните приоритети на македонската економија, бидејќи со тоа се придонесува кон одржување на традиционалните дејности, намалување на невработеноста, зголемување на општествениот производ и извозот. Ова беше истакнато на годишното Собрание на Балканската канцеларија за занаетчиство и малостопанство кое деновиве се одржа во седиштето Занаетчиската комора на Република Македонија во Скопје.

На собранието беше потенцирано дека Владата на Република Македонија превзема значајни мерки за  подобрување на квалитетот на услугите за занаетчиите, во делот на регистрација, едукација на занаетчиите и вршителите на занаетчиски дејности, како и мерките за поддршка и развој на занатечиството, кои се дефинирани во Програмата за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста за 2010 година.

OhridNews