Од денеска е замрзната сметката на АД „Макпетрол“. Одлуката  доцна синоќа  ја донел Судија за претходна постапка од Скопскиот Кривичен суд по барање  на Скопското Обвинителство. 

Замрзнати се сметките и на уште неколку фирми, потврдија за телевизија „Телма“ од Скопскиот Кривичен суд.  Одлуката е донесена експресно иако според законот рокот за нивно донесување е до 72 часа.

Предметот е оформен уште пред  една седмица од страна на скопското обвинителство, а МВР дури вчера ја објави информацијата за поднесената кривична пријава против 18 акционери  во „Макпетрол“. 

Веднаш по прес конференцијата Обвинителството го поднело барањето за замрзнување на сметката, а судијата истото го прифатил. Иако Обвинителството има отворено само предмет сметката е замрзната согласно последните измени на Законот за кривична постапка во која и без истражна постапка и обвинение им се оневозможува на фирмите да работат што влијае на нивниот бизнис како што е случајот со „Макпетрол“.

OhridNews

Извор:„Телма“