Уставниот суд на Република Македонија на вчерашната седница укина  десеттина одредби од  Правилникот на Собранието на Здружението  на авторски музички права (ЗАМП), донесен во 2005 година.

Одредбите се укинати затоа што со дел од нив се овластува Одборот за заштита на авторски права на ЗАМП да врши вреднување на авторските дела  без учество на авторот, иако според Законот за авторски и други сродни права органите на ЗАМП можат да се воспоставуваат со Статутот на ЗАМП, а не со Правилник.

Авторот, како што се наведува во образложението на судот, е исклучен од учество за вреднување на неговото дело и одлучуваат други што самото Здружение ќе ги определува.

Иницијативата пред Уставниот суд ја поднел познатиот музички уметник Славе Димитров.

Ohridnews