Фестивалот на мразот и снегот во Кина секоја година без здив остава повеќе од милион посетители од целиот свет. Големи скулптури од мраз, замоци во природна големина, ледени тобогани и повеќеметарска Мерилин Монро се само дел од овогодинешните атракции. Веќе традиционално голем огномет ги осветлува замоците на отворањето на најголемиот фестивал на снегот и мразот. Ледениот град се правел напорно на температура од минус 21 степен Целзиусов, а потрошени биле повеќе од 300 стандардни олимписки базени со вода. Но, ниту поларните температури не ги спречила туристите да го посетат овој спектакуларен град.


Многумина од туристите биле среќни што повеќето од скулптурите, како тобоганите, можеле и самите да ги испробаат. За изработката на градот биле потрошени вкупно 19 милиони долари. Дел од нив финансирала и кинеската влада. Но исплатливоста не била доведена во прашање. Секоја година фестивалот бил посетуван од се повеќе и повеќе гости, а ова година се очекува нивниот број да достигне 1,5 милиони.