Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери под 17 години ремизираше 1-1 против Романија во првиот меч од квалификациите за ЕП. Пред избраниците на Висар Ганиу денес е нов предизвик во името на репрезентацијата на Ирска.

– Заморот е нашиот најголем проблем. Ние имавме два, а тие три дена одмор по првиот меч. Но она што ме радува е желбата кај моите фудбалери кои сакаат да го направат тој чекор и да се пласираат во елитната рунда – вели селекторот Ганиу.

По првата рунда се е изедначено откако и мечот меѓу Шведска и Ирска заврши без победник 1-1.

Денес на програмата се мечевите од втората рунда, додека одлучувачките мечеви се играат во четврток.

Второ коло 2 октомври
Скопје : Македонија – Ирска
Куманово : Романија – Шведска

Трето коло 4 октомври
Скопје : Македонија – Шведска
Куманово : Романија – Ирска