Катастрофалниот Земјотрес со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала, што вчера утрото ја зафати централна Италија ја однесе и петтата жртва од Македонија. Како што јави Амбасадата на Македонија во Рим, во болницата во градот Аквила, кој беше најтешко погоден од земјотресот, починалo уште едно лице од Македонија. Претходно истиот извор јави за четири жртви со македонско државјанство од кои две се деца.
Инаку состојбата во централна Италија и денеска е стравична. Бројот на жртвите надмина 200, но се стравува дека тој ќе расте. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони прогласи вонредна состојба, а војската е на терен и помага на локалното население. Најголем дел од жителите на Аквила останаа без покрив над главата, додека тлото под нивните нозе и натаму се тресе. Утрово централна Италија ја погоди уште еден силен земјотрес што внесе дополнителен немир меѓу населението.