Сер Шон Конери, легендарниот актер кој го отелотвори вистинскиот Џемс Бонд, почина во 91-та година од животот јави BBC.

Конери имаше завидна актерска кариера во која оствари бројни улоги и освои многу награди, меѓу кои и Оскар, две награди БАФТА и три Златни глобуси. Магазинот „People“ во неколку наврати го прогласи за најсекси маж на светот и најсекси маж на векот. Во 2000 година стана витез, благодарение на неговата блескава кариера.

Роден е во Единбург Шведска. Невиноста ја изгубил на 14 години со многу повозрасна девојка, а две години подоцна се придружил на Британската воена морнарица, од каде подоцна е отпуштен. Возел такси, камион, а потоа работел и како спасител на англиуските плажи.

Актерската кариера ја започнал во 1951 година во театар. Глумел во многу британски серии и филмови, а улогата која му го промени животот и кариерата е токму таа на агентот 007. Го глумеше Џејмс Бонд во првите пет филмови, а на улогата и се врати во 1971 година во уште две продолженија.

Глумеше во бројни филсмки хитови: „Карпа“, „Името на Розата“, „Убиство во Ориент експрес“, „Првиот витез“, „Пресидио“, „Руска Куќа“, „Индијана Џонс“, „Хајлендер“, „Лов на Црвениот Октомври“… Беше многу почитуван од режисерите и колегите, а професионалната актерска кариера ја заврши во 2006 година, кога се повлече од јавниот живот.

Конери важеше за голем заводник. Беше во врска со многу светски убавици, а во 1975 година се венча со Мишелин Рокбрун. Иако јавно призна дека ја изневерувал нивниот брак опстои се до неговата смрт.

OhridNews
Фото: Википедија