Во 84-та година од животот, синоќа во Охрид почина професорот по физичка култура и истакнат спортски работник Миодраг (Миле) Христовски.

Миле Христовски беше пасиониран вљубеник во спортот, ентузијаст, непрегорен спортски работник. Остави белег во охридската кошарка, неизмерно ја сакаше атлетиката. Активно се занимаваше со спорт до крајот на животот.

Охриѓани ќе го паметат по неговиот ведар дух и спортското тело кое го одржуваше возејќи велосипед, трчајќи или вежбајќи, речиси секојдневно.

Посмртните останки на проф. Миле Христовски ќе бидат изложениво капелата  на градските гробишта во Охрид во сабота, 7 мај, од 12 до 12:30 часот.

OhridNews