Заменикот министер за здравство, д-р Владимир Поповски денеска престојуваше во работна посета на Охрид. Притоа тој оствари средба со раководството на Здравствен дом Охрид, а се сретна и со раводителите на коснозглобната и општата болница. Поповски денеска остварил и повеќе средби со граѓаните на Пештани и Трпејца при што се информирал за проблемите со кои тие се среќаваат.

Најголем проблем претставува итната медицинска помош рече Поповски, кој најави дека министерството ќе преземе итни мерки за подобрување на примарната здравствена заштита. Одговарајќи на новинарско прашање, Поповски истакна дека се подготвува проект за реконструкција на Маларичната во Охрид за што министерството наскоро ќе излезе со детали.


Заменикот министер за здравство во посета на Охрид

Ohridnews