Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска во текот на вчерашниот ден оставри средба со директоротката на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид.
На средбата се разговараше за дејноста и проектите на Заводот, но и за сите предизвици и проблеми со кои тој се соочува. На огромно задоволство на научните работници, заменик министерката ги посети сите одделенија и одблиску се запозна со нивните активности, информираат од ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид.
Од Установата изразуваат надеж дека ваквите средби и непосредна комуникација ќе продолжат и во иднина и ќе станат пракса, со цел полесно изнаоѓање на соодветни решенија за проблемите со кои се соочува регионот.
OhridNews