Заменик директорот на водечката руска авиокомпанија Аерофлот Андреј Панев изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.
Панов, кој беше задолжен за маркетинг, на Фејсбук напишал дека „заврши животот што некогаш го имал“, пренесува Бета.
Руските медиуми претходно јавија дека и извршниот директор на Аерофлот Михаил Полубојаринов ја напуштил земјата, но подоцна Аерофлот демантираше.
Аерофлот е тешко погоден од западните санкции кон Русија поради нејзината инвазија врз Украина.
Западните земји забранија летови на Аерофлот и забранија испорака на резервни делови, а оваа мерка важи и за другите руски авиокомпании.
Аерофлот одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.
OhridNews