Истражувачите од универзитетот Грифит се на добар пат за пронаоѓање на замена за аспиринот, која би била без штетни последици по организмот. Решението по се изгледа се крие во лимоновата трева, кој уште староседелците на Австралија ја користеле за ублажување на главоболката и мигрената. Резултатите од петгодишната студија се појавиле во најновото издание на академскиот весник „Комплементарни и амтернативни медицини засновани на докази“.
Професорот Лин Грифитс и лекарите Дерен Грајс и Кели Роџерс го предлагаат „Cymbopogon ambiguus “ како еднакво ефикасно решение колку и (не)популарниот аспирин кога станува збор за главоболката. Лекарите нагласиле дека природните лекови имаат огромен потенцијал за лечење на здравствените проблеми.