Екипа њујоршки доктори неодамна спровеле клиничка проба за замена на срцеви залистоци без хируршка операција на отворено срце.

На тој зафат подлегнале неколку стотини Американци, а докторите и понатаму  ќе работат со нив и ќе следат како функционираат новите залистоци.


Експертите се надеваат дека новата процедура потенцијално ќе ја замени традиционалната операција на срцето.

„Процедурата е слична на традиционалната катетеризација кај луѓето со запушени артерии“, наведуваат научниците.

Замената на срцев залисток ќе се провлекува низ артеријата до крај на срцевиот залисток каде го зазема своето место.