Замбиската влада објавила забрана за пушење на јавни места, а на прекршителите ќе им изрекува казна до две години затвор.

Министерката за локална управа, Силвија Масебо донела нов закон кој е објавен во службен весник бидејќи „многу луѓе и понатака пушат во јавност, не осврнувајќи се на другите“.


„Тие кои нема да ја почитуваат забраната, ќе бидат казнети со глоба или затворска казна до две години затвор или и глоба и затвор истовремено“, изјавила министерката.

Владата се одлучила за големи казни за да ги заштити „непушачите кои се жртви на пасивното пушење“.

Но, во таа земја во која повеќето канцеларии, продавници и јавен превоз немаат осигуран простор за пушење, мора да се најдат места за пушачи.