Бакнувањето на невенчан пар во Дубаи, согласно новите упатства од владата, се смета за неморално однесување, исто како и танцувањето и вонбрачното држење за раце.


Локалната Влада бара од жителите на Емиратите, меѓу кои повеќе од 80 проценти се странци, да ја почитуваат муслиманската традиција и да избегнуваат недолично однесување. На престапниците им се заканува затворска казна.

Покрај овие забрани, се забранува и движење под дејство на алкохол во места каде не е дозволено негово консумирање.