Заврши заложничката криза на аеродромот во Хамбург, 18 часа откако беше уапсен човек кој ја држеше својата четиригодишна ќерка.

Полицијата во Хамбург на социјалната мрежа Х објави дека “заложничката криза е завршена. Осомничениот излегол од автомобилот со ќерката. Детето изгледа не е повредено”. Полицијата додаде дека мажот бил уапсен без отпор.

Аеродромот во Хамбург е затворен за патници, а летовите се откажани од саботата вечерта кога вооружен маж ја проби капијата на аеродромот со своето возило и испука два истрела во воздух, јави ДПА. Мажот потоа го возел возилото пред зградата на терминалот и го паркирал под авионот.

Властите соопштија дека сопругата на мажот претходно ги контактирала за киднапирањето на детето. Психологот преговарал со мажот повеќе од 18 часа. За време на инцидентот нема повредени. Полицијата соопшти дека мажот ја имал својата четиригодишна ќерка во автомобилот, која наводно ја зел од нејзината мајка во битка за старателство.

OhridNews
Фото: МИА