Вкупно шест заложници досега успеаја да побегнат од кафулето во центарот на Сиднеј, каде што непознат напаѓач за кој се сомнева дека е поддржувач на исламските радикали повеќе часови денес претпладне по средноевропско време во заложништво држи околу 30 лица. „Шестиот заложник избега од кафето „ Линдт“ во Сиднеј“ објавија австралиските медиуми. Засега полицијата е наклонета инцидентот да го смета за вооружен напад, а не за терористички чин.
Сепак, полицијата го потврди ослободувањето на само пет луѓе. Претходно локалот успеале да го напуштат тројца мажи и две жени кои биле вработени во кафулето. Според претставникот на болницата „Свети Винсент“, Дејвид Фактор, во една заложник бил хоспитализиран, но се наоѓа во стабилна состојба. Нема информации за каков вид повреда станува збор.
Претходно , австралиските телевизиски станици јавија дека од заложниците коишто избегале, соопштиле дека напаѓачот инсистирал да му се овозможи телефонски разговор со премиерот Тони Абот и бара да се донесе во кафулето знамето на џихадистичката Исламска држава. Телевизиите емитуваа кадри на кои се гледаше дека неколку заложници држат на излогот од локалот црно знаме со бел натпис на арапски јазик, слично на знамињата коишто сунитските радикални исламисти ги истакнуваат во Сирија и во Ирак.
Австралиската полиција ги замоли медиумите да не известуваа за барањата на напаѓачот. Покрај тоа, повикувајќи се на избеганите заложници, се тврди дека во кафулето „Линдт“ од синџирот локали на истоимениот швајцарски производител на чоколада и слатки, се тврди дека во кафулето се инсталирани две експлозивни направи. Претходно полицијата во Сиднеј добила дојави за поставени две бомби, но се покажале како лажни.
Портпаролката на австралиската полиција Кетрин Берн, напаѓачот во кафулето во моментов држи во заложништво 30 луѓе, од кои десетина се персонал на локалот.
Утрово, околу 10 часот по локално време, непознато вооружено лице во заложништво ги зема гостите и персоналот на кафулето „Линдт“ во близина на Австралиската централна банка во Сиднеј. Медиумите јавија дека осомничениот имал ранец и појас, и претпоставуваат дека станува збор за појас со експлозив какви што носат бомбашите самоубијци од исламистичките групации.
Австралиските власти во септември годинава, првпат во историјата, објавија највисоко ниво на антитерористичка закана во земјата. Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека еден од челниците на Исламската држава им наредил на своите следбеници да извршат повеќе „показни убиства“. Терористите требало случајно избраните жртви да ги обезглават пред знаме на оваа терористичка организација и тоа да го снимат со камера. Неколку дена подоцна еден тинејџер беше застрелан во Мелбурн откако со нож нападнал двајца припадници на антитерористичката полиција.
OhridNews