Заливот на коските ќе биде една од новите сцени на кои ќе се изведуваат музички и драмски претстви на фестивалот „Охридско лето“ 2009 година.


Како што објави дирекцијата на фестивалот, за ова бил постигнат договор со Заводот за заштита на спомениците и Музеј – Охрид. Новата сцена веќе им била испратена на режисерите на претставите кои ќе бидат дел од новото Охридскот лето. Исто така се разгледуваат и други локации на кои ќе се изведуваат претстaви во рамки на најголемата културна манифестација во земјата.

Од фестивалот информираат дека во завршна фаза е изготвувањето на програмата за овогодинешното Охридско лето, а во текот на идната недела ќе се знае и кој ќе отвори 49-то Охридско лето на 12 јули.

Ohridnews