Во културниот комплекс „Музеј на вода“ во Заливот на коските кај Градиште, ќе функционира и мал амфитеатар. Со тоа овој комплекс ќе добие уште една намена, а Охрид уште една отворена сцена за бројните културни збиднувања во лето.


Во тек се завршни градежни работи околу отворената сцена,  која треба да биде готова во октомври, кога според најавите ќе заврши и реконструкцијата на праисториската наколна  населба, каде покрај постојните 8, ќе бидат изградени уште 16 неолитски  куќички.


Заливот на коските ќе добие мал амфитеатар

Реализацијата на целиот проект, односно заокружувањето на сите градежни и инфрструктурни активности и изградбата на сите предвидени содржини ќе чини околу 3,5 милиони евра.

Г. Момироски