Зајдисонце во Охрид

Сончевото време деновиве во Охрид, невообичаено за овој период од годината, како да не го најавува почетокот на зимата. Сепак синоптичарите најавуваат промена на временската состојба веќе од денеска.

Денес ќе биде променливо облачно, предпладне по котлините ќе има магла. Кон крајот на денот во западните делови од земјава ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег на повисоките планини, во западните делови од земјава. Најниската утринска температура ќе биде од -3 до 2, а највисоката дневна од 7 до 12 степена.

Во охридскиот  регион ќе биде претежно облачно и тивко. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Најниската утринска температура ќе се спушти до -3, а највисоката дневна ќе достигне до 5 степени Целзиусови.