Законот за заштита од пушењето кој на сила ќе стапи на први јануари ги мобилизира угостителите. Деновиве тие одржаа средби во повеќе градови во државата на кои ги усогласувале мислењата околу идното делување, а својот став ќе го соопштат на заедничка прес конференција што ќе се одржи во Скопје. На иницијативата што ја води Туристичко – угостителската комора и се приклучија и охридските угостители, кои меѓу првите реагираа на законското решение.

Угостителите предупредуваат дека доколку законот кој предвидува целосна забрана за пушење во затворени јавни објекти стапи на сила како што е предвидено, ќе предизвика големи загуби во угостителството и туризмот и ќе доведе до затворање на објекти. Тие предвидуваат пад на промоетот од околу 50%, што ќе пртедизвика отпуштања од работа, а реагираат и на високите казни кои се движат од 300 до 4500 евра за правното лице.

Угостителите  бараат измена на одредбите од Законот за заштита од пушењето, по примерот на повеќе европскаи држави каде се извршени корекции во законските одредби и пушењето под строго утврдени услови е дозволено во одредени угостителските објекти.  

Ohridnews