Примената на законот за општа управна постапка во единиците на локалната самоуправа во областа на урбанизмот е тема на дводневната работилница што во организација на  министерството за правда на Република Македонија –Државен управен инспекторат, и  во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје , ЗЕЛС, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Агенцијата за државни службеници денес и утре  ќе се одржи во Охрид.

Оваа работилница е трета по ред која се организира во рамките на овој проект, а има за цел  конзистентно   спроведување на   обуката за а примена на Законот за општата управна постапка како и материјалните закони од областа на урбанизмот во единиците на локалната самоуправа.

ohridnews