За законот се изјасни Министерството за култура, а се очекува тоа да го направи и Министерството за животна средина. Охридскиот завод и Музеј ги изготви заштитно конзерваторските подлоги, но покрај грижата за културно-историското наследство, овој комплексен закон опфаќа и други сегменти како екологија, туризам и друго и потребно е време за негова квалитетна изработка, вели Стефаноски.
Тој посочи дека репер за изработка на Законот за Охрид е Законот за Дубровник и на други заштитени градови во регионот. Законот треба да овозможи квалитетна заштита на природното и културното наследство и прецизно да уреди бројни други односи во општината. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Стефаноски, истакна дека тој и неговите колеги од Охрид интензивно ќе работат Законот за Охрид да влезе во собраниска процедура до крајот на оваа година, а доколку тоа се случи тој би започнал да се применува во 2010 година.