Законот за млади доби поддршка  од пратениците со 51 глас „за“, 11 „против“ и два „воздржани“, во првата фаза, и со тоа ќе оди во понатамошна процедура.

За предложениот законски текст во понатамошната процедура ќе има јавна расправа, а заклучоците ќе бидат доставени до Комисијата за образование, наука и спорт.

Во изготвувањето на законот учествувале 28 невладини организации и претставници од институциите кои се занимаваат со оваа проблематика.

Со Предлог -законот е предвидено формирање на Државен младински совет, како и локални младински совети, со предлози кои ќе доаѓаат преку советите на општините. Младите ќе може да се здружуваат во организации, кои потоа со соединување ќе можат да прераснат во национални. Дел од експертската јавност критикуваше дека нема потреба организирањето на младите да оди преку Агенцијата за млади, кога тие и досега можеле да се формираат согласно законот за здруженија на граѓани и фондации.

Предложениот закон за млади се носи за првпат од осамостојувањето на државата. Забелешки на Предлог-законот во повеќе сегменти, меѓу кои и за нивното невклучување во процедурата за подготовка, изнесоа 35 младински организации.

“Макфакс“
Ohridnews