Вкупно на територија на целата држава од страна на полициските службеници се издадени 33.974 платни налози, при што на 14.976 граѓани по нивно барање им се издадени и записници за општокорисна работа.
Околу 90% од сторителите се на возраст од над 18 години, додека прекршоците во најголем дел се извршени на јавна површина – 32.962 прекршоци, соопшти МВР.
Во текот на овој период прекршочни санкции се изречени и против 200 правни лица, најчесто за фрлање и оставење на отпадоци од градежен материјал, превоз на песок и слични материјали без претходна подготовка и нивна заштита, мешање на бетон и малтер надвор од места определени од општината и сл.