Предлог – законот за измени и дополнување на Законот за формирање на Универзитет за информатички технологии, денеска ќе се најде пред пратениците во македонското Собрание. Со измените се предлага седиштето на овој универзитет наместо во Скопје да биде во Охрид.

Покрај промената на седиштето, Владата е на став да се промени и бројот на единиците во состав на Универзитетот,  од 7 факултети и два институти со 5 факултети.

Новата високообразовна установа би имаа факултети за компјутерски науки и инженерство, за комуникациски мрежи и безбедност, за машинска интелигенција и роботика, за информатички системи, визуелизација, дигитална мутимедијална и анимациска техника, како и факултет за  информациони теории и анализи.

Во реализацијата на оваа идеја се ангажирани меѓународни експерти и професори од областа на информатичките технологии.

Како што ни изјави пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Александар Николоски, новиот Универзитет за информатичка технологија во Охрид, планирано е да почне со работа од учебната 2009/10 година, како најмодерна високообразовна институција от тој тип во Југоисточна Европа.

Ohridnews