Законот за домување да се повлече, да се стави во мирување од една година и да се направат измени, бара Конфедерацијата на синдикални организации (КСО).

 – Апелираме до премиерот и министерот за транспорт и врски да го стават во мирување законот, да се направат јавни трибини и да се разговара за недостатоците. Законот е добар но да се имплементира во некоја европска земја каде што граѓаните имаат стандард, во вакви неповолни економски услови не се потребни дополнителни трошоци за граѓаните, велат од КСО.

Според овој синдикат законот ги нарушува меѓучовечките односи и создава кавга меѓу станарите , а дополнително ќе ги зголеми и  трошоците за одржување на зградите.

За прв пат граѓаните рекоа НЕ на некој закон. Оваа реакција е за поздравување и Владата треба да се замисли и да го повлече законот кој треба да се доработи и измени, додаваат од КСО.

До сега се регистрирани нешто повеќе од 500 заедници на сопственици, а одзивот на станарите е околу пет до седум отсто. Според Законот за домување, станарите на една зграда можат да регистрираат Заедница на сопственици или нејзиното одржување да го препуштат на лиценцирана компанија. За не придржување кон Законот за домување на станарите им се заканува казна до 300 евра.

OhridNews
извор: Макфакс“