При тоа беше истакнато дека 6 од 10 угостители или веќе отпуштиле или планираат да го намалат бројот на вработени, а високи 14 проценти најавуваат затворање на локалите.
На презентацијата присуствуваа и претставници на угостителскиот еснаф од Охрид, според кои, Законот за заштита од пушењето катастрофално ќе се одрази на туризмот.
– Имавме големи потешкотии да се справиме со гостите да се спроведе законот, кој многу негативно ќе се одрази и на летната туристичка сезона, особено што сега границите се отворени и Грција ќе ни биде голем конкурент и доколку нешто не се промени ќе биде навистина тешко, изјави Драган Битракоски од охридскиот угостителски еснаф.
Угостителите сметаат дека предлогот на владејачкото мнозинство со кој се предвидува да се дозволи пушење на летните тераси нема да ги подобри состојбите и бараат владата да ги прифати нивните барања во кафулињата до 100 квадрати сопственикот да избере дали ќе се пуши или не, а во поголемите да се одреди дел за пушачи.