Донесен бил еден од првите закони со кој се прави обид да се излезе на крај со зачестените пореметувања во прехраната кои се поддржани од модната индустрија. Ваквиот потег на владата во Израел би можел да пружи добар пример и на останатите земји во борбата против ширење на анорексијата и булимијата. Рејчел Асато, која ги поставила темелите на легислатурата, рекла дека законот бил првенствено донесен за да ги заштити децата.

Во Израел два проценти од девојките помеѓу 14 и 18 години патат од тешки пореметувања во прехраната, што е сличен статистички податок како и во другите земји. Новиот закон ги обврзува моделите да мораат да приложат медицински извештај кој ќе потврди дека немаат проблеми во исхраната. Според агенцијата на ОН се користи стандард познат како индекс на телесната маса, како би се утврдиле проблемите во прехраната.