Градските власти во Њу Џерси донеле многу необичен закон кој тешко ќе го спроведуваат. Имено, на кучињата им забраниле прекумерно да лајат преку ден.


Сопствениците на кучиња се обиделе да им објаснат дека е тешко да им забранат на своите миленици да лајат, и дека тоа е неизводливо, меѓутоа безуспешно. Казните при прекршување на законот ќе зависат од времетраењето на лаењето, а ќе изнесуваат од 40 до 600 долари.